Јапонија денес ја започна првата фаза на вакцинација против корона вирусот, пет месеци пред отворањето на Олимписките игри во Токио, кои беа одложени минатата година поради епидемијата.

Во првата фаза е планирана вакцинација на 40.000 вработени во медицинскиот сектор. Минатата недела Јапонија ја одобри првата вакцина за коронавирус.

Утрово директорот на болницата во главниот град Токио прв ја прими вакцината на „Фајзер“ пред камерите.

Владата се надева дека до март ќе го вакцинира медицинскиот персонал во земјата, околу 3,7 милиони луѓе. Вакцинацијата за лица над 65 години треба да започне во најдобар случај во април.

Јапонската влада не утврди детален распоред за вакцинација за остатокот од популацијата. А.Р.