Бошко Жупановиќ, по професија правник од Ријека, ја тужи Јосип Лисац затоа што со нејзиното пеење на хрватската химна на инаугурацијата новиот претстедател му наштетила на угледот на Хрватска …

„Очекував да се лигави, но вакво нешто. Тоа беше исмејување. За време на ингурацијата Бев во Словенија и го следев преносот оттаму. Словенците ни се смеаа. Тие едвај дочекаа да гледаат таков скандал. Се срамав, вели за „24 Часа“ претприемачот Бошко Жупановиќ, објаснувајќи зошто решил да поднесе кривична пријава против пејачката.
Во средата, ден откако Лисац ја интонираше химната на Република Хрватска на инаугурацијата на Зоран Милановиќ, тој, наводно, испратил кривична пријава против Јосипа Лисац на адреса на Кривичниот оддел на државното правобранителство на Загреб за кривичното дело од член 349 од Кривичниот законик. Овој член од законот вели: „Кој јавно ја укорува, презира или грубо ја нарушува Република Хрватска, нејзиното знаме, грбот или химната, ќе се казни со затвор за период не подолг од една година“.

Казна – до една година затвор
– Забрането е секое уметничко пробивање во композицијата, текстот и музичката структура на химната. Ваквите модификации или персонализации може да се толерираат во склад со други музички изрази со согласност на авторот, но не и во химна. Начинот на кој осомничениот го сторил тоа за време на интонацијата е апсолутно исмејување и обесхрабрување, затоа верувам дека има причина за сомневање за извршување на пријавено кривично дело – објаснува Жупановиќ во кривичната пријава. Тој вели дека нема никакво особено музичко знаење за да му суди на настапот на Јосипа Лисац од професионална гледна точка, туку и дека  сака некои нејзини песни.
– Мојот личен став е дека се исмеваше. Претставата беше одмазда.  Нашата химна е убава и патриотска. Немам ништо против Јосипа Лисац или против Зоран Милановиќ. За мене е сосем ирелевантно тоа што беше Јосипа Лисац. Таа е фантастичен уметник, олема пејачка. Има песни што сакам да ги слушам. Но, вакво нешто не смееше да се случи. Сите се смеат  – ја образложи неговата позиција Жупановиќ. Покрај поседување на порталот Либурни, Жупановиќ е, според веб-страницата на НК Копер, спортски директор на клубот.
Тој порано беше поврзуван со десет компании, од кои пет сè уште се активни, а во пет е во одборите. Никој не сакаше да зборува премногу за работите на Жупановиќ во Ријека. Оние што го познаваат велат дека тој е гласен човек кој сака да се наметнува себеси во сè – политика, општество, фудбал … Ако гледа некаде можност да заработи пари, ќе направи се за да го достигне тоа. Тој е карактеристичен и сличен на Здравко Мамиќ, но послаб „играч“ од него, според неговите познаници.

И додека Жупановиќ верува дека  Лисац ќе биде обвинета, нејзините симпазитери тврдат дека станува збор за измамник кој сака да си направи реклама. Кроација Рекордс по ваквата реакција на Жупановиќ и преписки по социјалните мрежи излезе со официјално соопштение во кое се бара да се почитува приватноста на Јосипа Лисац и бара професиоанлизам од медиумите. Меѓу другото во соопштението се вели:

„На секоја добронамерна личност и е повеќе од јасно дека не станува збор за навреда на химната, а широко ви е познат стилот и начинот на толкување на госпоѓата Јосипа Лисац и оваа состојба е уште еден доказ дека живееме во општество во кое сериозно се тресат основните човечки и културни вредности, како и начинот на комуникација.“

Изведбата на хрватската химна може да ја слушнете на линкот…