четврток, април 25, 2024
домаКујнаЈСП негира селективно давање на месечни студентски билети

ЈСП негира селективно давање на месечни студентски билети

Како се приближува крајот на зимскиот семестар и студентите се подготвуваат за враќање на факултет, почнуваат да се нижат и реакциите од незадоволните студенти. Вчера во нашата редакција стасаа неколку реакции од студенти кои тврдат дека им било одземено правото да добијат бесплатен месечен билет поради тоашто немале положено три испита во тековната година или поради тоа што една од студнетките, наводно не добила бесплатен билет поради тоа што ги положила сите испити.

„Не добив слободна карта (бесплатене месечен билет за градски сообраќај) бидејќи сум ги положила сите испити. Вработената на шалтерот ме информира дека немам право на билет оти немам испити за полагање! Да, немам за полагање но имам предавања! На мојата реакција дека треба да ми издаде месечен билет, нејзиното обајснување на  беше полно со иронија и се се состоеше само од два збора: Снајди се“ – тврди една од студентките која останала без месечен билет за месец Февруари.

По интервецијата од група студенти дека им е одземено правото на бесплатни месечни билети за ЈСП,  ТЕХТ.МК ја контактираше службата за информирање при ЈСП и оттаму добивме одговор дека претпријатието има Одлука по која постапува и дека никому не му е одземено правото на користење бесплатен билет доколку ги исполнува критериумите за бесплатен билет.

Во одговорот на Деспина Трајковска од Одделението за односи со јавноста при ЈСП се вели дека можноста за годишен бесплатен студентски билет е достапен врз основа на владина одлука од 125 седница на Влада донесена на 12.12.2015 год, при што „се препорачува на Град Скопје почнувајќи од 1.1.2016 год, да овозможи бесплатен превоз на редовни студенти од државните универзитети во автобусите на ЈСП Скопје“.

„Врз основа на оваа препорака, Советот на Град Скопје донесе одлука за давање на субвенциии на ЈСП Скопје, меѓудругото, за бесплатен превоз на редовни студенти на додипломски студии од државните универзитети.
Имајќи ги во предвид студиските програми и начин на организација на заверување семестри, водење евиденција и слично, кои не се универзални за сите факултети, ЈСП Скопје беше приморано да донесе интерни одлуки како би се избегнале евентуалните злоупотреби на посочениот тип на билет, односно на студентската годишна бесплатна карта.“ – обајснува Трајковска и додава дека имајќи ја во предвид праксата и повратните информации од одделни факултети, постои интерен Правилник/упатство за издавање на бесплатниот студентски билет. Таа подвелува дека секоја учебна година, студентот има обврска да ја продолжи важноста на билетот, а при тоа треба да поднесе документи со кои го докажува статусот на студент. За да се добие бесплатен месечен билет за студентите на државните факултети, тие треба да поднесат потврда за редовен студент на државен факултет на територија на градот Скопје, издадена од акредитирана високообразовна установа, индекс и лична карта  на увид. Студентите кои прв пат запишуваат прва година во септември (бруцоши), при издавање на билетот им се продолжува важноста и за наредната година, додека на останатите студенти, кои на крајот на тековната или на почетокот на годината сакаат да го продолжат билетот, а се уште немаат заверено летен семестар, истиот може да го продолжат само ако имаат заверено зимски семестар и во индексот имаат запишано повеќе од два неположени испити. Во информацијата од ЈСП се вели дека студентите кои во моментот на продолжување на важноста на билетот во индексот имаат до два неположени испити, билетот може да го продолжат само со заверен летен семестар. Продолжување на студентски билет не му следува на студент на кој му е останата само дипломската работа

За сите студенти кои не ги исполнуваат горе посочените услови, како и за вонредните студенти и оние од приватните факултети, постои месечен билет со привилегирана цена од 1.050 ден, кој важи за сите линии.

Истиот билет за јули и август, чини 600 ден за сите линии за еден месец.

За да добијат карта со повластена цена, студентите треба да донесат: потврда за студент на факултет на територија на градот Скопје, издадена од акредитирана високообразовна установа, ндекс и лична карта  на увид. Овие билети се без ограничување на возраста, а фотографирањето се врши во самото продажно место.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ