Јубилејната изложба „Иван Велков, 90 години од раѓањето“ ќе биде отворена утре, четврток, во НУ Национална галерија, објект Чифте амам.
На изложбата ќе бидат претставени 90тина дела од сите творечки фази на Иван Велков, а истите се дел од колекциите на Националната галерија, Музејот на современата уметност, Скопје, Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Штип, НУЦК „Антон Панов“, Струмица, семејството Велкови како и на голем дел приватни сопственици на кои длабоко им благодариме за соработката.

Авторки на изложбата и текстот во каталогот се Маја Чанкуловска-Михајловска и Маја Неделкоска Брзанова, виши кустоси.

Изложбата ќе биде отворена до 30.3.2021 година. А.Р.