Младиот и талентиран автор и гитарист Кире Мирчовски, денес во 17 часот закажува промоција на својот јутјуб канал. Ќе промовира нова песна.
-”Turvyness” е мојата последна песна од албумот ”Insanus”.”Turvyness” е единствената песна која што не беше објавена на Youtube каналот од причина што подолг период се мислев дали да снимам видео спот за неа… Често се предомислував се до моментот кога Миха изрази желба да направи анимација. Миха е едно прекрасно дете, талентирано кое допрва ќе го изнесе својот потенцијал и талент на виделина. Мене ми беше мило да му ја доверам таа работа. Како и за сите други песни така и за оваа, инспирација е мојата животна приказна. Животот ми е сам по себе инспирација и сум му благодарен за можноста преку музиката, гитарата мојата приказна да ја споделам со светот, ексклузивно ни откри Мирчовски.
“Insanus” е негов втор авторски албум, а е издаден минатата година.