Новинарката Валентина Ѓоргиевска Парго, која секоја година настапува на Канео фест, оваа година на сцена ја изведе песната “Љубовта е закон”. Автори се текстописецот Цане Трајчевски и композиторот и аранжер Здравко Остојиќ.
„Повторно случајна но преубава песна, снимена во вторник во скромни технички услови кај Здравко. Но, несомнено со голем авторски квалитет. Јас не сум пејачка, туку само изведувачка на сцена, и оттука моите песни и не би имале значење ако немаат јасна порака. Овој пак пораката е-жената е рамноправна во љубовта со мажот! – вели Валентина Ѓоргиевска Парго за песната што ја изведе на последниот КАНЕО ФЕСТ и продолжува: „Мојот текстописец Цане Трајчевски напишал текст кој го отсликува мојот пркосен женски карактер. Но, композиторот најдобро ја опиша пораката, со зборовите – Љубовта е закон – Македо-итало интернационале диско-денс хип-хоп. Баш е супер спој! Песнава можеби на прв поглед делува, но никако не е егоцентрична, туку исклучително храбра. Правена е специјано и ти прилега 100%, како што се вели во англиската изрека, совршено како ракавица на рака. Ептен е шмекерска, со огромен хитовски карактер и незаборавен личен печат. Всушност, песнава зборува во една преносна смисла и со доза на сатиричност, за проблемот на машката егоцентричност и свесноста за женската вредност. Освен тоа што остава силен впечаток и од прво слушање влегува во уши, во својата суштина носи значајна порака за почитување на правата на жените, дека и за мажот и за жената подеднакво – Љубовта е закон! Никој не е создаден да биде над љубовта, туку дека сите треба да го почитуваат законот на љубовта!“

Ѓоргиевска вели дека песната намерно е снимена во фазон на театарски сонг: „Јас сум поборник за алтернативна уметност, но не трендовска. Искрена. А бидејќи неодамна по трет пат бев на извонредниот Битола Шекспир фестивал, каде се инспирирав и наполнав со убавина, решив тоа чувство да е водечко и во песната “Љубовта е закон”. Фестивалот “Канео фест” каде ја исполнив за мене е љубов, и местото на песната и е таму. Инаку, минатата година на истата сцена ја успеав “Тајна љубов” на Ристо Апостолот и Цане Трајчевски и добив Гран при, годинава успеав и пратив порака. Се се врти околу љубовта! Впрочем, се околу нас е шекспировско…

Ова е песната што ќе биде една од најслушаните помеѓу два фестивала КАНЕО ФЕСТ може да ја слушнете ТУКА