Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, најави дека за една недела ќе бидат блокирани сметките на фирмите кои до сега не ја исплатиле платата на своите вработени, а примиле државна помош.

„За една недела ќе следува блокада на нивните трансакциски сметки и пренос на средствата на вработените лица и на уплатните сметки за јавни приходи“, рече на прес конференција Лукаревска и објасни дека во најчест случај станува збор за фамилијарни бизниси со еден до пет вработени.

По опомената 351 претпријатие  ја исплатиле платата за месец ноември, а мајголем број на работодавачи кои до сега не го направиле тоа се 43 и се во трговијата на мало,  37 во подготовка на оброци и 22 компании се од областа на транспортот. По региони, 73 се од Скопје, 21 од Тетово, 10 од Гостивар, итн. Лукаревска информира дека казните се движат од 500 до 10.000 евра во зависност од големината на компанијата.

Таа исто така информира дека од 179 компании кои не ја исплатија претходната плата за октомври, по спроведените активности на УЈП, нивниот број се намалил на 17 компании, каде што во тек е постапка за присилна наплата.

Директорката на УЈП информира дека од претходниот пакет на економски мерки,  50 компании не исплатиле плата за април, 38 за мај и 64 компании за јуни.

За оние коимпаниикои ја злоупотребиле помошта е доставена пријава во Обвинителството. Во меѓувреме 30 даночни обврзници се посетени од инспекторатот за труд во делот за финансиската поддршка. Листата на новите неисплаќачи ќе биде доставена до генералниот секретаријат на Владата за да се објави на првиот работен ден во 2021.

Н.Д.