четврток, април 25, 2024
домаНасловнаЏеват Лоши и Али Алиу добитници на наградата „22 Ноември“

Џеват Лоши и Али Алиу добитници на наградата „22 Ноември“

Албанологот проф. д-р Џеват Лоши и книжевниот критичар  акад. Али Алиу се добитници на државната награда,,22 Ноември“ во 2020  за признание на луѓе од  политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија,

Во соопштението од одборот за доделување на наградата чиј претседател е проф. д-р Гзиме Старова се посочува дека наградата на Лоши и Алиу им се доделува  „за остварувања во областа на политичкиот, културниот и општествениот  живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија“.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 22 Ноември 2020 година (недела) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ