Холивудската актерка, која во последно време е се поприсутна во медиумите поради наводното помирување со поранешниот сопруг Бред Пит, ретко зборува искрено за приватниот живот, а јавноста  неодамна дозна дека актерката повеќе од 15 години е во сериозна расправија со нејзината мајка, Ненси Ду.
Минатата година, Џенифер во интимно интервју откри за нејзината врска со мајка и.

Се започна во 1999 година, кога Ненси објави книга во која се открива тајната на нивната нестабилна врска, предизвикувајќи јаз што траеше 15 години за време на кои тие не зборуваа. Овој потег ја повреди Џенифер толку многу што одлучи да не ја покани нејзината мајка на свадбата со Бред Пит во 2000 година.

Актерката откри дека е длабоко повредена и имала тешко детство поради однесувањето на нејзината мајка.

„Таа беше една од оние жени кои велеа:„ Душо, погрижи се за себе “,„ Нашминкај се малку“ и сите оние чудни фрази што ги паметам од моето детство“, рече славната 51-годишна актерка.

Но, неодамна, Џенифер одлучи да и прости на Ненси.

“Таа го говореше тоа затоа што ме сакаше. Не правеше ништо лошо, но и не знаеше колку тоа ме повредува и колку пари потрошив за да ги ублажам последиците од нејзиното однесување. Таа го правеше тоа затоа што и така растела”, истакна актерката. , додавајќи дека дури сега согледала и сфаќа дека нејзината мајка лошо се справувала со предизвиците на самохраните родители.

“Мислам дека таа се однесуваше како знаеше и дека стори најдобро што можеше, се бореше финансиски и се обидуваше да продолжи сама, без сопруг. Да се ​​биде самохрана мајка во текот на 80-тите години, сигурна сум дека било прилично тешко”, рече таа. Двете успеаја да ја решат контроверзата во 2016 година, непосредно пред смртта на Ненси.

Ал.Н.