И покрај пандемијата и најавите дека Бред Пит е во врска со уметницата и со неа чека дете, гласините за обновената романса на актерската двојка Џенифер Анистон и Бред Пит не престануваат да се шират.

Во последните неколку недели актерката Алија Шокат, за која многумина велат дека е нова љубов на овој актер, се најде во целата приказна, јавуваат странските медиуми.

Со оглед на тоа што никој од овие тројца актери не ја потврди или негираше љубовта, многумина сè уште размислуваат за тоа што всушност се случува таму. Сепак, многумина веруваат дека љубовта помеѓу Бред и Џенифер е обновена, а според светските медиуми, таа сега е доста лута поради сите написи за неговата врска со помладата актерка, пишува таблоидот ‘Хит свет.
Џенифер, наводно, била многу вознемирена од ова, па му дала на Бред ултиматум да се одлучи за една од двете.

„Престани да бидеш мрзлив и неодлучен“, е реченицата што кажува сè. На крајот на краиштата, таа изгледа дека сака да го знае неговото мислење за нивната врска.
“Секогаш кога некој ќе го праша Бред што се случило меѓу него и Алија, тој инсистира дека тие се само пријатели, но има многу гласини дека тие се постојано заедно, па дури и тоа дека таа носи негово дете. Од друга страна Бред сè уште и се јавува на Џенифер и се однесува со неа како да не се случува ништо помеѓу него и Алија “, му откри неименуван извор на споменатиот таблоид.

Како и да сите очекуваат да видат а кого ќе се одлучи Бред, иако поголема поддршка има Анистон.

Ал.Н.