четврток, април 25, 2024
домаЖивотЏоковиќ донираше еден милион евра за болниците во Бергамо

Џоковиќ донираше еден милион евра за болниците во Бергамо

Новак Џоковиќ не престанува да биде тема на денот во Италија, која е најтешко погодена меѓу европските земји од новиот вирус корона, а кој со својата донација од еден милион евра се издигна над сите.

Слушајќи колку многу страдаше Бергамо во пандемијата, и Ломбардија, регионот каде што се наоѓа градот, и каде дури 12.050 луѓе починаа до оваа сабота, 18 април (додека 65.381 биле заразени само во тој дел на земјата од моментот кога е регистриран првиот случај) , Џоковиќ без врева решил да испрати значителна помошза тамошните болници. И тоа не било колку, туку милион евра за три болници.

Ова првично го откри директорот на здравствениот центар на Западен Бергамо, Питер Асемберг, кога за италијанските медиуми открил дека се изненаден кога го забележал „познатото име“ меѓу најголемите донатори. На крајот тој само додал дека тоа е „најдобриот тенисер на светот“. Тој факт беше доволен за некои големи италијански медиуми да му се заблагодарат на Ноле на српски јазик, а откако славниот италијански спортски новинар Убалдо Сканагата ја откри сумата, Асембер откри што направил Новак Џоковиќ .

„Признавам, бев шокиран во тој момент …. Да, тоа е вистинскиот израз за тоа кога првиот тенисер на светот (кога беше запрашан дали може се објави кој е донаторот на толкава сума) а тој ми одговори: Искрено, воопшто не ми е важно. освен ако, се разбира, мислите дека објавувањето на вакви информации ќе ја подигне свеста кај другите потенцијални донатори да го сторат тоа што јас го правам “.

Италијанците се воодушевуваат од самиот факт што Ноле помогна. Сскромните зборови, „не мора да се знае дека сум ги дал, но ако мислите дека ќе ги покани другите да го сторат истото…“, одекнуваат цел ден низ Апенинскиот Полуостров, затоа што скоро и да нема медиуми што не ги пренесуваат.

Она што е најважно за Ломбардија е тоа што веднаш по помошта на Џоковиќ, болниците беа подобро опремени:

„Неговата донација е многу важна затоа што ќе ни помогне да се модернизираме и да го зголемиме шок собите во одделот за интензивна нега во болницата Тревило, што во оваа пандемија е срцето на нашите активности за реанимација. Неговата поддршка ќе ни помогне да ги зголемиме собите, да купиме опрема, од монитори до дефибрилатори, се разбира, и потребната заштитна опрема “, додаде Асемберг.

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ