четврток, април 25, 2024
домаЖивотСценаЏони Деп сакал да ја удави и да ја запали својата поранешна...

Џони Деп сакал да ја удави и да ја запали својата поранешна сопруга?!

Ова беше јасно откако беа  јавно објавени дописите Високиот суд во Лондон

Врховниот суд во Лондон објави провокативна преписка од Џони Деп. Во него, актерот му предлага на својот пријател, актерот Пол Бетани, да ја удави, а потоа да ја запали Амбер Хард. Преписката е од 2013 и 2014 година, објавија старнските медиуми.

„Да ја удавиме пред да ја запалиме! И тогаш ќе имам јагленисан труп за да се осигурам дека е мртва “, пишува Џони Деп.

Одбраната на актерот тврди дека тоа не е доволно за да се докаже неговата вина. Џони е обвинет дека ја претепал својата поранешна сопруга Амбер Хард.

Во комуникацијата со Бетани, актерот истакнува дека Џони треба да ја намали консумацијата на алкохол. Според него, тој дејствува агресивно и има проблеми со меморијата.

„Нема храна со денови … Прашоци, половина шише виски, илјадници лименки енергетски пијалоци, водка, апчиња, две шишиња шампањ во авионот“, признава актерот во една од своите пораки.

Целосното сослушување ќе се одржи во Лондон на 23 март 2020 година.

Џони Деп и Амбер Хард се венчаа во 2015 година, но следната година парот призна дека се разведува. Процесот на развод заврши во 2017 година, но тужбите меѓу поранешните сопружници сè уште се во тек.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ