четврток, април 25, 2024
домаЖивотСценаЏОН ДАУТОН: Евровизијата е од витално значење за зближување на земјите! 

ЏОН ДАУТОН: Евровизијата е од витално значење за зближување на земјите! 

Валентина Ѓоргиевска Парго 

Професорот по англиски јазик, но и руски, британецот Џон Даутон е еден од најомилените ликови зад светлата на Евровизија. Пријателски расположен и секогаш позитивен кон нештата, распеан фан, а и самиот со бројни фанови како пејач кој прави кавери за свое задоволство, и снима и авторски песни.
Тој е еден од оние “светли точки” во однос на давање значење на позитивата, неговото внимание секогаш е насочено кон најубавите нешта кај луѓето. 

*Најпрво да Ве прашам како сте? Како е на работа? Како се справувате во Британија со оваа настаната ситуација, постои ли голем страв или некако се навикнавте?

– Здраво! Јас сум одлично! Работата оди добро. Се вратив на настава на училиште во Вимблдон и уживам во тоа! Јас ги сакам студентите. Се справуваме тука, но се уште има некои протести, но во целина добро се снаоѓаме!

*Пандемијата кај вас донесе нов метод на работа, а првите интервјуа и ги објавувате на инетернет. Уште поважно од тоа, снимате песни. Самиот кажете ни што се работите?

-Почнав да помагам со онлајн училиштето на мојот пријател и предаваме преку зум. Одлично е чувството да им помагаш на луѓето! Што се однесува до мојата музика, снимам нови песни и подготвувам кавери!

*Минатата година Евровизијата беше во една чудна но прилично интересна варијанта. Еве сега е шанса да Ве прашам Ви се допадна тој модел?

-Бев разочаран, како и сите кога беше откажана класичната, но мислев дека шоуто беше  навистина “трогателно убаво”, се надевам на добри работи оваа година! 

*Оваа година се уште некои работи се под знак на неизвесност. Но горе долу знаеме како ќе изгледа. Ги слушнавте песните? Ваш фаворит?
– Ги слушнав песните, а мои омилени се песните на Австралија, Германија, Данска и Полска! Мислам дека и Васил Гарванлиев е прекрасен пејач и верувам дека ќе си ја заврши задача добро, му посакувам се најдобро! 
*Што велите за „Here I stand“ на Васил?
– Како што реков претходно, тој е прекрасен пејач со одличен глас, а и го обожавам контрастот на неговите две евровизиски песни, минатата и оваа! 

* Генерално, според Вас која е најголемата придобивка и придонес  од Евровизијата како концепт на мирот и меѓусебното почитување на народите?

– Верувам дека Евровизија е од витално значење за зближување на земјите, бидејќи цела недела ја слушаме музиката, ги гледаме шоуата и си наоѓаме нови идоли! Ништо друго не се споредува со тоа во однос на музиката, и јас сум многу среќен што сум обожавател! 

*Одржувате релации со нашата земја. Кога ќе помине пандемијата дали да Ве очекуваме во посета?

– Би сакал да ја посетам Северна Македонија, слушнав неверојатни работи за земјата, од Скопје до Охридското езеро. Сакам да посетувам нови места!

* Сакам да прашам, како се чувате од короната, размислувате за вакцинирање? 

-Јас веќе го имав моето прво вакцинирање, моето второ ќе биде во мај!

*Што би им препорачале на сите кои ќе го прочитаат ова интервју. И, чувајте се!

-Би сакал да им кажам на сите да направат вакцинација, светот ќе биде многу подобар како резултат! На фановите- останете безбедни, преземете мерки на претпазливост и издржете! 
 
RELATED ARTICLES

Most Popular