Британецот Џон Даутон, кој неодамна ни се претстави преку интервју, специјално за text.mk, овој пат ни прави чест со тоа што премиерно и екслузивно својата нова песна  Stop the clock ја промовира преку нашиот портал.

Овој вреден музичар, професор по англиски јазик и евровизиски следбеник, своето ново дело го сними деновиве и ни го прати веднаш по реализацијата. Вели:

-Песната е за тоа дека никогаш да не се откажувам, дури и кога времињата стануваат тешки. Мислам дека е многу соодветно, особено за време на оваа пандемија. Треба да останеме позитивни и оптимистични за иднината! Јас пеам уште кога имав пет години и пишувам песни од мојата 16. година,пррвиот ЕП го објавив во 2015 година, а сега работам на албум.

Слушнете ја песната на Џон, кој патем ни најави дека за оние кои сакаат да го подобрат својот англиски јазик, може да го направат преку земање на онлајн часови од училиштето во кое соработува. Но, музиката ни е доминантна тема секогаш со Џон. В.Ѓ.