Светски познатиот актер Џорџ Клуни, само четири дена пред да започне да работи на новиот филм „Небото на полноќ“(The Midnihgt Sky), беше итно хоспитализиран со силна болка во стомакот, пишува „Мирор“.

Имено, на актерот му бил дијагностициран панкреатит, односно воспаление на панкреасот, што може да биде опасно по живот.

Клуни изгуби скоро 13 килограми поради претстојната улога во филмот и верува дека диетата придонела за неговата болест.

„Мислам дека премногу се трудев брзо да ослабам и веројатно не се грижев добро за себе“, рече Клуни.

Покрај слабеењето за улогата, тој мораше да престане да ја бричи брадата.

„Пуштив голема, грда брада. Мојот син ја сакаше затоа што криеше во неа работи за кои не би знаел додека не отидам на работа. Мојата сопруга и сестра ми беа многу среќни кога ја избричив“, рече актерот. А.Н.