Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден и неговата потпретседателка Камала Харис се личности на годината според магазинот „Тајм“.

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис беа прогласени во четвртокот заедно бе прогласени за „Личност на годината“ на магазинот „Тајм“, избрани од списокот на финалисти на кој се наоѓаше и името на човекот кој Бајден го победи на изборите – претседателот Доналд Трамп.

Поранешниот демократски потпретседател и сенаторката од Калифорнија, чиј избор ги надмина родовите и расните бариери, заедно „понудија подобрување на едно гласачко ливче“, рече „Тајм“ во профилот на двојката, во објавата на Интернет.

„И Америка го купи она што го продадоа: по најголемиот број гласачи што излегоа на гласање во еден век, тие собраа 81 милиони гласови и сè уште се бројат, најмногу во претседателската историја, поразувајќи го Трамп со околу седум милиони гласови и свртувајќи го резултатот во пет традиционално неизвесни држави “, напиша „Тајм“.

Трамп, 45-от американски претседател и личност на годината на „Тајм“ во 2016 година – кој ја освои титулата еден месец по победата таа година како републикански кандидат – беше меѓу тројцата други финалисти кои се натпреваруваа оваа година, рече „Тајм“.

Другите две, обете групи, беа здравствените работници кои се бореа против пандемијата „Ковид-19“ и учесниците во движењето за расна правда, што настана кога на 25 мај беше убиен Џорџ Флојд, црнец, кој почина откако бел полицаец во Минеаполис клечеше на неговиот врат скоро девет минути.

Лицето на годината е обично индивидуа, но имало случаи во минатото кога повеќе луѓе биле наградувани со титулата. Според магазинот, насловот оди на оној, „кој влијаеше на вестите и на нашите животи најмногу, на подобро и полошо“.

„Тајм“ ја започнал оваа традиција во 1927 година. Тинејџерката и активистка за клима Грета Тунберг стана најмладата индивидуална добитничка на наградата минатата година.

Бајден (78), кој беше два мандати потпретседател на Барак Обама, ќе биде најстарата личност што ќе ја преземе канцеларијата на американскиот претседател откако ќе положи заклетва на 20 јануари. Харис ќе биде првата жена, прва црна личност и прва личност со азиско потекло инаугурирана за потпретседател.

Трамп, кој продолжува да тврди без покритие дека се украдени изборите во 2020 година и дека тој е вистински победник, најверојатно нема да присуствува на инаугурацијата.

Заедно со личност на годината, „Тајм“ ја прогласи корејската поп група „БТС“ за забавувач на годината и кошаркарска ѕвезда Леброн Џејмс за спортист на годината.

Победниците и финалистите во различни категории беа објавени во четвртокот вечерта во специјалната ударна програма на „Ен-би-си“. А.Р.