четврток, април 25, 2024
домаЖивотСценаРок хроничарот Тошо Филиповски денес потсети на првата турнеја на "Санс"

Рок хроничарот Тошо Филиповски денес потсети на првата турнеја на “Санс”

Познатиот рок хроничар и новинар Тошо Филиповски денес го привлече вниманието на рок публиката, со објавен пост во кој се потсети дека на денешен ден со групата “Санс” , ја отпочнале својата прва турнеја. Пред цели 28 години. Воедно, го искористи овој ден да му го честита роденденот на басистот Саша Павловиќ Фрешко, кој полни 53 години. Suns се Ѓокица Зафировски – гитара, вокал и клавијатури, Андреј Анастасов – тапани и клавијатури и Саша Павловиќ – бас. Некогашните рокери, од оваа наша култна група, и ден денес се занимаваат со музика, секој на свој начин. Саша Павловиќ Фрешко е новинар, водител, музички критичар, диџеј, поранешен член и на добро познатата група “Бернајс пропаганда” и други. Автор е на документарецот “Од другата страна” за македонската андерграунд музика во 80-тите и важи за култна фигура во светот на алтернативните уметници кај нас. А Тошо, како нивни некогашен промотор, е балкански познат како автор на првата македонска рок ециолопедија, предавач на конференција на “Демо фест” – Бања Лука, радио и тв водител, а подготвува и други книги за македонската рок култура. Упатените знаат дека “Санс” пред една година на ЛП го реиздадоа нивниот албум “Мојот сон е само мој”! ( Двајца, Зборувам?, “Мисли”, “Врне”, “Белег”, “Обид” , “Гајле” , “Луѓе” , “Талог”, “Карпа” , “Зум” , “Мој”) . Првото издание е снимено за 60 часови во “Go Go Studio”, Белград во ноември 1993, а објавено на 1 март 1994 од страна на “Ѓокица мјузик”.

В.Г. Парго

RELATED ARTICLES

Most Popular