Директорот на Центарот за геронтологија во Ниш е уапсен под сомнение дека како овластено лице не ги презел сите неопходни мерки и активности за да спречи ширење на заразната болест Ковид-19, што резултирало со инфекција на 135 корисници на услуги и четворица вработени.

– Членови на Министерството за внатрешни работи во Ниш, во соработка со Агенцијата за информации за безбедност и Вишото јавно обвинителство во овој град, го уапсија М.С. (1973) од Ниш поради сомнение дека сторил сериозно кривично дело против здравјето на луѓето во врска со кривично дело заразно заболување – соопшти Полициското одделение Ниш.

Осомничениот е приведен до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во Вишото јавно обвинителство во Ниш.

Министерството за труд, вработување, ветерани и социјални работи во соопштението на официјалната страница во саботата 11 април попладне објави „дека од 25 тестирани na „ Ковид 19“ во геронтолошкиот центар Ниш, кај шест го потврдија присуството на вирусот, а за останатите 19  се очекуваат резултати во текот на неделата “.

– Останатите 231 корисник на овој објект немаат симптоми на вирус. Сите корисници за кои постои сомневање дека имаат вирус корона се ставени во карантин, а од вечерва објектот ќе биде во целосна изолација, вклучително и неговите вработени – , соопшти пред два дена Министерството за труд, вработување, ветерани и социјални работи.

Каква е ситуацијата со домовите за стари лица кај нас, немаме многу информации. Директорката на ДЗСИ денеска најави ќе започнат инспекции со цел да се оцени состојбата со здравствените домови, но не е јасно дали е ова прва инспекција, во услови кога се апелира дека повозрасните лице се најмногу на удар, и кога искуствата од другите земји покажуваат дека заразите во домовите за стари лица најчесто завршуваат фатално.

Н.С.