Минатата година била втора најтопла топла година во историјата, и тоа веднаш зад потоплата 2016 година, години во кои знаците на климатските промени варираа од шумски пожари до одмрзнувањето на мразот на Арктикот – се вели во соопштението на Центарот за следење на Европската унија.

Канцеларијата за климатски промени – “Коперник”, првата голема меѓународна метеоролошка агенција, која ги набљудуваше светските температури во 2017 година, објави дека тие биле во просек за 14,7 степени Целзиусови или 1,2 степени над ерата пред индустриската револуција. Минатата година беше малку “поладна од најтоплата година – 2016-та, а потопло од претходната втора најтопла година, 2015-та”, се вели во извештајот.

Мерењето на глобалните температури се одвива од крајот на 19 век. Мерењата на „Коперник“ ја поддржуваат и прогнозата на Светската метеоролошка организација за која во ноември 2017 година на отворањето на Самитот за климатски промени во Бон, нејзиниот директор изјави дека 2017-та ќе биде втора или трета најтопла по 2016 година, како дел од долгорочната тенденција предизвикана од генерирањето на стакленички гасови. Во 2016 година, температурите беа исто така поддржани од природниот феномен Ел Нино, кој се случува неколку години и ослободува топлина од Тихиот Океан. Минатата година беше најтопла во историјата без влијание на Ел Нињо, според Коперник, кој е предводен од Европскиот центар за прогноза на времето.

На Арктикот, “ледениот лист“ беше под просекот, особено за време на ладните месецим на почетокот и крајот на годината. “Во меѓувреме, Јужна Европа беше погодена од тешка и долга суша од крајот на пролетта, па се до есенските месеци. Сушата доведе до недостиг на вода во многу области и го олесни ширењето на шумските пожари на Пиринејскиот полуостров”, дополнуваат експертите.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја отфрла констатацијата на научниците дека климатските промени се предизвикани од човековата активност и кој патем ги повлече САД од Парискиот договор, на 29 декември по повод исклучителниот студ кој го зафати САД, на “Твитер” напиша дека ја става под сомнеж неопходноста од дејствијата за ограничување на емисиите на стакленички гасови.