четврток, април 25, 2024
домаЖивот3 начини како да заштедите пари за летување

3 начини како да заштедите пари за летување

По доаѓањето на пролетта, мислите веднаш ни летаат кон летниот одмор, и тоа како да зачуваме доволно пари за истиот.

Заедно со планирањето на патувањето одморот, обидете се да одлучите какви се трошоци ќе имате со самите подготовки: превод, облека, храна, активности,сувенири.

Добро правило е да додадете 10-15% плус на сумата од онаа која ќе одлучите дека ви е потребна.

1.Дознајте дали ќе ги делите трошоците со некого

Најпрво одлучете кој ги покрива големите трошоци како пат и сместување, и дали ќе ги делите со некого. Доколку одите на летување со вашиот партнер, сестра, или пријателка, дознајте дали ќе ги делите трошоците за сместување, или пак вие ќе го платите сместувањето, а тие ќе го обезбедат превозот до таму.

2.Скратете ги секојдневните непотребни трошоци

Иако кафето за носење ви е навика, пробајте следните неколку месеци да си подготвувате кафе од дома, а парите што ги трошевте до сега за кафе, тргајте ги на посебна сметка. Препорачливо е на почеток на месецот автоматски парите да ги префрлите од вашата лична сметка на сметката-фондот за одмор, како не би паѓале во искушение сепак да ги искористите парите за кафе.

3.Редефинирајте го зборот “Летување“

Не секогаш летувањето значи 10 дневно патување до егзотична дестинација во светот. Доколку ги немате потребните средства за одмор каков што замислувате, не се разочарувајте. Скратете ги деновите, или одберете дестинација поблизу до вас.

На крајот на денот, размислете што навистина сакате да правите, и што ќе ве одмори во целост, а не што ќе ја направи најдобрата слика за на социјалните мрежи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ