Градските автобуси со број 50, кои сообраќаат на релација Хиподром-Државна болница, од оваа сабота, според некои извори, ќе добиеле малку изменета маршута, односно се враќа старата, според која по станицата на МОБ, автобусот не продолжува кон Жена парк, туку врти и влегува во подземниот кат на ГТЦ.

Така беше до пред некоја година, но со воведувањето на двокатни автобуси кои не ги собираат долу во преминот, двокатните застануваа на Жена парк, од каде продолжуваа кон станицата на Рекорд.

Оваа мерка наводно била спроведена зошто дуќаните на сутеренот на ГТЦ немале многу промет, како што ни кажува возач кој наслушнал за промената. Тој тврди дека за ова биле револтирани и возачите и патниците, затоа што сега ќе мора да се возат со еднокатни автобуси, во кои нема ни парно ни еркондишн.

Според она што тој ни го кажа, било предвидено и број 57 повторно да се врати на оваа станица, но засега не, туку кога е се рушел мостот кој на таа страна го спојува ГТЦ и Жена парк.

Официјална информација се уште нема, но наводно, ова веќе било во процес на стартување.