Министерството за здравство потврди дека резултатите на 7-те пациенти кои претпладнево се тестираа се негативни на корона вирус. Денеска се тестираа пациенти од Куманово, Тетово, Кичево, Охрид, две трудници од Дебар и еден пациент од Кочани, чиј брис пристигна преку ЦЈЗ Штип.

Вториот, повторен тест на лицето од Кочани, чиј брис пристигна преку ЦЈЗ Штип е негативен на корона вирусот. И првиот тест на пациентот од Кочани беше негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, истиот се повтори, се вели во информацијата на Министерството.

Бројот на заарзени со корона вирус во Северна Македонија останува 18, од кој еден пациент е веќе негативен.