Во голем број на прехранбени производи за многу мали деца се наоѓаат опасни хемикалии, се вели во истражувањето на непрофитната организација  The Label Clean Project во која се наведува дека најчесто се среќава арсен, олово, кадмиум и акриламид.

Група американски научници анализирале 530 различни закуски, житарици и пијалаци купени во последните пет месеци, пренесува Independent и дошло до поазувачките податоци. Имено, тие откриле дека во 65 проценти од тесираните производи имало 65 отсто арсен, кадмиум 58 проценти, 36 проценти олово и 10 отсто акриламид.

Исто така, имаат откриено дека 80 проценти од адаптираното млеко за бебињата кои пијат млеко според формула содржи арсен, отров што Светската здравствена организација (СЗО) го поврзува со голем број на здравствени проблеми, како што се кардиоваскуларни болести, дијабетес и рак.

оризови крекери

Големи количини на арсен, исто така, се откриени кај производи базирани на ориз.
Арсенот доаѓа во оризот уште за време на неговиот раст поради индустриските отрови и пестицидите во земјата. Во јануари 2016 година, Европската унија воведе максимална дозволена количина на арсен за да се намали изложеноста на децата на овој тежок метал. Дозволено е до 0,1 милиграми арсен за килограм ориз.

Најголем проблем кога станува збор за арсен во оризот е фактот дека многу прехранбени производи за деца и бебиња вклучуваат оризово млеко како замена за кравјо млеко. И тоа е најранливата популација. Податоците во научната литература за присуство на арсен докажува дека оризовите обланди, оризовите крекери и оризовите колачи може да содржат големи количини на неоргански арсен со што може значително да се зголеми изложувањето на храна за доенчиња и мали деца со ова хемиско соединение.

Истражувањата покажаа дека модерната храна за деца содржи 70 проценти повеќе акриламид отколку помфрит, но овие хемикалии се поврзани со оштетување на мозокот и репродуктивни проблеми.

Тие исто така откриле дека 60 проценти од производот означен како “BPA free” е позитивен на бисфенол А, индустриска хемикалија што се користи за производство на пластика.