Анастасија Јеролимату сурфа речиси секој ден во водите на Медитеранот. Оваа 82-годишна Гркинка ужива во секој момент кога го поминува со сурфање на ветер покрај брегот на Кефалонија.

„Обожавам сурфање. Ја чувствувам неизмерно, ме исполнува оваа целосна слобода, јас многу уживам во тоа. Чувството е неверојатно, да се биде едно со природата, ветерот и водата“, вели Анастасија Јеролимату.

Со овој спорт се запознала на дури 40-годишна возраст. И оттогаш не запре.

Во 2019 година таа сурфаше од островот Кефалонија до континентална Грција – 18 наутички милји или 33 км за 6 часа. Така, таа влезе во Гинисовата книга како најстарата сурферка на ветер во светот.

А нејзиното мото е: „Никогаш не се откажувај“. А.Н.