четврток, април 25, 2024
домаЖивотСцена„Brit Floyd“ доаѓа со продукција од милион долари!

„Brit Floyd“ доаѓа со продукција од милион долари!

Како што се наближува настапот на „Brit Floyd“ во Скопје, организаторот „Авалон продукција“ информира дека продукцијата за ова големо шоу ќе биде масовна и како што вели Дамиан Дарлингтон, кој е основач на овој бенд, вредна милион долари.

На 14-ти ноември во ВИП Арената во Скопје ќе бидат поставени околу 100 светла, ласери, како и препознатливиот тркалезен круг, а сето тоа ќе биде синхронизирано со специјална видео анимација која ќе ја има во текот на целото шоу.

Концертот на „Brit Floyd“ во Скопје кој е во рамки на турнејата „Тhe Eclipse world tour“ ќе трае два ипол часа, а членовите на бендот (девет на број) ќе го претстават најдоброто од еден од највлијателните рок бендови на светот на сите времиња.

Подгответе се за вистински спектакл на 14-ти ноември во ВИП Арена, порачува организаторот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ