COP 23 чини 117 милиони евра!!!

Домаќинот на конференцијата, Германија, за организацијата одвои вкупно 117 милиони евра - само мобилниот систем за заштита од поплави, во случај да се зголеми водостојот на Рајна, чини два милиони евра. Кога станува збор за просторот, градот Бон долж реката Рајна направил вистински шаторирски град за 25.000 учесници - со големина околу осум фудбалски игралишта.

162
Од нашиот спеицјален известувач од Бон, НАТАША ДОКОВСКА СПИРОВСКА
Од нашиот специјален известувач од Бон,  НАТАША ДОКОВСКА СПИРОВСКА

Овие две недели сите патишта водак кон и од Бон. Илјадници луѓе од целиот свет на неколку дена доаѓаат во Бон да слушнат илипредложат идеја за намалување на последиците од климатските промени. Но, за сетоа тоа да се организира потребни се толку многу пари колку за еден град од средна големина да биде целосно заштитен од климатските промени во наредните десет години.

Домаќинот на конференцијата, Германија, за организацијата одвои вкупно 117 милиони евра – само мобилниот систем за заштита од поплави, во случај да се зголеми водостојот на Рајна, чини два милиони евра. Кога станува збор за просторот, градот Бон долж реката Рајна направил вистински шаторирски град за 25.000 учесници – со големина околу осум фудбалски игралишта.

weltklimakonferen

На годинешната климатска конференција (COP23) во Бон, која се одржува од 6 до 17 ноември, на учесниците првенствено ќе им бидат потребни многу нерви. Ако го имаат тоа , остатокот не треба да биде проблем: скоро две недели 196 партнери имаат време да развијат конкретни мерки за спроведување на Парискиот климатски договор. Со ратификувањето она истиот од Македонија и Сирија, САД останаа единствени кои не го прифатија истиот…Овагодишните разговори се тешки, но полека почнува да се одврзува клопчето и да се доаѓа до заеднички решенија, па така е усвоен првиот Родов План за акција, а се очекува до петок да биде завршен и усвоен Правилник за следната клима конференција во Полска идната година.

11-11-2017_COP23По неколкугодишните напори за постигнување на единство меѓу земјите учеснички, сега треба да се дефинираат конкретни мерки на хартија – што е голем предизвик.

И додека многу активисти се уаптуваат во Бон, неговие жители не се нешто многу заинтересирани за конференцијата, колку што се заинтересирани за сопствената безбедност. Многу малку од нив се одлучија да дојдат во шаторскиот град по должината на Рајна, но зато најчести прашања штоги поставуваат овие денови се:”Дали ќе стасам на време на работа?”, “Колку сме беззбедни за време на конференцијата?” или “Се надевам дека нема да има нереди како во Хамбург за време на самитот Г-20”.

COP23-Climate-Justice-889x592

Жителите на Бон се плашат за својата безбедност бидејќи оваа конференција е најголема што досега се одржува во Германија. И покрај тоа што претставниците на градот се оптимистички, останува прашањето: Дали Бон е воопшто во состојба да организира една ваква конференција? Не само заради тоа што за 25.000 луѓе треба да обезбеди храна и преноќиште, туку треба да им се овозможи и да стигнат од едно место на друго. Капацитетот од 9.000 хотелски соби во Бон не е доволен, па така голем дел од учесниците се сместени во Келн, Кобленц или Колин, а има и голем дел од учесниците кои се сместени во приатните домови на граѓаните од Бон кои ги отворија своите врати за уллесниците.

Организаторите  за подготовки имаа само 11 месеци. Ник Наттал од UNFCCC-а истакнува дека ова не само што е најголема, туку и “најквалитетна климатска конференција досега”. Аспект кој исто така бара многу време и пари. Без оглед дали се работи за транспорт без емисија на штетни гасови, вегетаријанска органска храна или за што помалку користење на хартија – COP23 се стреми да биде добар пример.

За Dirk Jansen од Сојуз за заштита на животната средина (БУНД) план за одржливост на една голема климатска конференција е нешто што се подразбира. Ограничувањето на емисијата на штетни гасови на конференцијата не е ништо во споредба со загадувањето не толку далеку од Бон. Jansen вели  дека Бон е блиску до производство на јаглен и најголема емисија на CO2 во Европа. Затоа на 4. ноември беа одржани демонстрации под мото: “Заштити ја климата – престанете да користите јаглен. Демонстрантите побараа затворање на електраната што работи  на јаглен. Овој еколошки активист смета дека нема климатска заштита додека се користи котелот. Германија во моментов не ги исполнува целите за заштита на климата до 2020 година, што е катастрофален сигнал за светската климатска конференција. “Топлиот воздух и топлите зборови не се  доволни, сега мора да следат делата “, оценува Jansen.

Она што е најважно е дека сите од организатор до активист се согласуваат дека е најважна заедничката борба против климатските промени.