четврток, април 25, 2024
домаЖивот„Diamond Princess“ ги зема првите жртви

„Diamond Princess“ ги зема првите жртви

Двајца патници од карантин бродот за крстарење „Diamond Princess“, кој до вчера беше запрен во близина на  Јокохама, Јапонија, починаа од коронавирус, соопшти денеска јапонското Министерство за здравство.

Маж и жена во 80-тите години, по потекло Јапонци, наводно, имале хронични заболувања. Тие се првите меѓу 600те позитивни патници на бродот што умреа од оваа болест, соопштија официјалните лица.

И двајцата патници беа отстранети од бродот минатата недела и беа хоспитализирани. Јапонија сега има три смртни случаи поврзани со коронавирус.

На крузерот има 621 потврден случај на коронавирусот меѓу 3.711 патници и претставуваат најголем извор на заразата надвор од Кина.

„СОВИД-19 не е познат , а многу луѓе се заразиле на крузерот  „Diamond Princess“. Имајќи ги предвид овие фактори, веруваме дека преземањето дополнителна претпазливост ќе придонесе за спречување на ризикот од идните инфекции“, рече јапонскиот министер за здравство Катсунобу Като на патниците на кои им беше дозволено да го напуштат бродот откако по тестирањето се покажа дека не се заразени од вирусот. Тој ги повика да останат дома две недели.

Четристотини Американци на бродот беа евакуирани од Стејт департментот во неделата и понеделникот, вклучувајќи неколкумина кои покажаа дека се заразени од вирусот, но не покажаа симптоми. Тие се карантинираат уште 14 дена во воените бази во Калифорнија и Тексас, освен за некои кои биле однесени во болници, меѓу кои и 13 се префрлиле во одделение за карантини на Здравствениот дом на Универзитетот во Небраска.

Јапонската влада започна да ги евакуира патниците од бродот оваа недела и до вчера најмалку 500 го напуштија бродот.

До вчера вечер потврдени се  повеќе од 75.700 се заразени, а 2.128 починале. Од заразените, пак, 16.465 се опоравиле, информира Worldometers. Најризчни се постарите лице и оние со хронични заболувања.

Од македонските државјани кои се наоѓаа на крузерот „Diamond Princess“, еден е позитивен и се наоѓа во болница во Јапонија, со блага слика на вирусот. Другите Македонци, членови на посадата, ќе останат на бродот се до заминувањето и на последните патници

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ