четврток, април 25, 2024
домаKривична пријава за трговија со луѓе и притвор поради подведување девојки на...

Kривична пријава за трговија со луѓе и притвор поради подведување девојки на проституција

Против осомничен за подведување девојки на проституција од гостиварско е поднесена кривична пријава за трговија со луѓе и му е одреден притвор од 30 дена, соопшти МВР. Како што се посочува во соопштението вчера, 21 март Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги-Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Н.Р.(52) с.Леуново, општина Маврово и Ростуше, со престој во с.Добри Дол, општина Врапчиште, гостиварско, за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, предвидено и казниво по член 418-а став 1 од Кривичниот законик.

Пријавениот, во периодот од средината на март 2021, па сè до 20.03.2022 во угостителски објект на подрачје на Гостивар со кој управувал, подолг временски период со употреба на сила и закана, како и со злоупотреба на својата положба, подведувал на вршење проституција повеќе женски лица, наши и државјанки на Русија, Украина, Србија, за одреден паричен надоместок. Тие биле и трудово експлоатирани, со што стекнал за себе противправна материјална корист. Експлоатацијата по пат на проституција се вршела во самиот угостителски објект на подрачјето на Гостивар, како и на други локации и објекти во Гостивар и Тетово.

Од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, врз основа на судска наредба издадена од Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на угостителскиот објект и претрес во деловни простории кои ги користи угостителскиот објект на подрачје на Гостивар во с.Добри Дол, а на 20/21.03.2022, при претрес, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, Регионален центар за гранични работи Север и СВР Тетово беше затекнато пријавеното лице, три странски државјанки од Србија и една наша државјанка, како и шест лица гости во објектот. Н.Р. е лишен од слобода и изведен пред Судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ