На 13ти декември во Паблик рум од 21 часот придружуван од својот бенд, RIS FLOWER ќе одржи ексклузивен интимен концерт каде ќе го претстави неговиот најнов проект “Light Of Your Soul”. На концертот ќе бидат изведени досегашните комплетно авторски песни на RIS FLOWER, а публиката ќе има можност за прв пат во живо да ги чуе и новите, досега необјавени песни. На сцената, RIS FLOWER ќе биде придружуван од неговиот бенд, составен од врвни музичари и долгогодишни соработници: Џоле Максимовски – бас гитара, Мустафа Чанбазлар – клавијатури, Арикан Сиракаја – тапани и Александра Кировска – гитара.

“Секогаш уживам на сцена и затоа со нетрпение очекувам да настапам пред скопската публика. Подготовките за концертот се започнати и можам да кажам е дека ќе биде навистина енергично шоу, различно од се останато. Особено ми е драго што на концертот ќе настапат и музичарите од Турција, екипа со кои ја работам музиката во изминатите години, голема Благодарност до Порше Македонија за поддршката!”, вели RIS FLOWER.

Влезниците веќе се во продажба преку продажната мрежа на “Купи Карти За Се”, линк : https://www.kupikartizase.com/Events/ris_flower