дома Економија Louis Vuitton – бренд со најголема вредност

Louis Vuitton – бренд со најголема вредност

74

Louis Vuitton е брендот со најголема вредност меѓу осумте најпопуларни луксузни брендови во светот, покажуваат податоците објавени во извештај на Knight Frank. Рангирањето на консултантската компанија се базира на статистиката на Best Global Brands, каде се земени предвид монетарната вредност и нивното влијание врз потрошувачите.

Louis Vuitton е проценет на 22,9 милијарди долари, на второ место е Hermes со вредност од 14,2 милијарди долари, а на трето е Gucci со 9,9 милијарди. Останатите осум се дополнуваат со Cartier, Tiffany & Co, Burberry, Prada и конечно Dior со оценка 4,5 милијарди долари.

Во 2017 година, пазарот на луксузни автомобили го зазема најголемиот дел од луксузниот  пазар. Нивното учество достигнува 42% од целиот пазар. Вториот е пазарот на персонализирани луксузни стоки со 23%, а третиот е луксузната хотелиерска индустрија со 17%.

Пазарот на луксузни стоки е сеуште силно привлечен за инвеститорите најмногу поради постојаниот и стабилен раст дури и во периоди на кризи, посочуваат од Knight Frank во извештајот. Секторот, исто така, создава значителни позитивни повратни ефекти.

Начините на инвестирање во секторот се различни. Еден од нив е директно во трговците на мало. Еден од последните примери е кинескиот конгломерат Фосун, кој ја купил француската компанија Lanvin. Друг начин е инвестирањето во јавни претпријатија од луксузниот сектор, во специјализирани инвестициски фондови или во различни луксузни производи – автомобили, уметност, накит или вино, додека се ретки и предмети на интерес од страна на колекционери.

Во последните 10 години, сегментот на луксузни автомобили е со најсилен раст. Меѓутоа, изминатата година, уметноста и виното го превземаа приматот, заклучуваат експертите.