“Petrichor” е новата фантастична амбиентална тема, во хеви метал манир на авторот и млад гитариски виртуоз Кире Мирчовски, како најава на соло албумот “Инсанус”. Со леснотија на гитарски маестро отсвирена е оваа негова длабока и сензуална рок рапсодија, која несомнено ви тапка по сите сетила, и ве шема низ некои светови на излуии и фантазии. И, ви отвора нови музички порти, една по една.
За песната да ја добие комплетната слика и замисла со која Кире сака да оддаде почит кон планината која го има израснато, се погрижи и Мијата, чиј глас и енергија го одушевуваат овој автор.
Чест и задоволство е да се соработува со музичари, како Мијата. Времето поминато заедно и советите кои ги добивам прават постојано да созревам како музичар и пред се како човек. Ова е само почеток на се она што следува. Се надевам на уште повеќе соработки, многу нова музика, вели младиот музичар, кој зад себе веќе има еден албум “Светлина “.
Неговото ново врвна музичка дело, со малку “дарк” примеси, фрла нова светлина на неговиот се повидлив и раскошен музички талент.

В.Г.Парго