петок, ноември 29, 2024
домаЖивотЗдравјеПрв случај на корона вирусот во Обединетите нации

Прв случај на корона вирусот во Обединетите нации

Член на мисијата на Филипини во Обединетите нации е позитивен на вирусот корона, се наведува во допис до мисиите на ООН, што е првиот случај на болеста во седиштето на Светската организација во Њујорк.

– Мисијата на Филипини е затворена денес и на сите членови на персоналот им е наредено да се изолираат и да побараат лекарска помош доколку покажат симптоми. Претпоставуваме дека сите сме заразени  – напиша амбасадорката на Филипини во ООН Кира Азуцена.

Таа рече дека болната Филипинка последен пат се појавила во седиштето на ООН во понеделникот и таму поминала околу половина час, но во тоа време немала никакви симптоми, пренесува Ројтерс.

Азуцена додаде дека жената ги добила симптомите во вторникот и веднаш контактирала со доктор. Таа изјави дека заразената жена ги претставувала Филипините во правниот комитет на Генералното собрание на ООН.

Портпаролот на ООН, Стефан Дујарик изјави дека заразената Филипинка се сретнала со двајца дипломати и престојувала во само една просторија за состаноци, која оттогаш е дезинфицирана трипати.

Неколку состаноци на ООН закажани за денес се одложени. Според информациите од веб-страницата на ООН, во мисијата на Филипини има 12 дипломати. Филипинскиот министер за надворешни работи Теодоро Локсин на Твитер напиша дека заразената членка на дипломатската мисија е „млада, полн со дух и се чувствува добро“. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ