дома Култура Mузика, Опера, Балет SJF промовира календар за 2019, со настап на квартетот на Џоле Грујовски...

SJF промовира календар за 2019, со настап на квартетот на Џоле Грујовски и бендот Fierce

17

Вечерва, четврток (24. јануари) во МКЦ Клуб и Ресторан од 21 часот ќе се одржи традиционалната јануарска годишна забава на Скопскиот џез фестивал на којашто ќе бидат промовирани новите календари на SJF 2019 година. Со свои настапи ќе се претстават квартетот на џез-гитаристот Џоле Грујовски, како и џез-составот Fierce.

ЏОЛЕ ГРУЈОВСКИ КВАРТЕТ

Џоле Грујовски – гитара
Филип Димишковски – клавијатури
Оливер Јосифовски – бас
Aлександар Ванчовски – тапани

Џоле Грујовски е џез гитарист, композитор, продуцент и аранжер. Дипломирал класична гитара на музичката академија „Панчо Владигеров“ во Софија. Веднаш по враќањето во Скопје, членува во Биг бендот на МРТВ. Во својата богата музичка кариера, бележи соработки со Џијан Емин, Проект Жлуст, Бодан Арсовски, Симон Киселички, Браќата Тавитјан и други. Минатата година го објави својот прв албум “Reflections” (ZJM), своевиден сублимат на една долгогодишна акумулација на музички па и животни искуства стекнати во текот на неговиот живот. Албумот влезе во листата на 30 најдобри регионални џез-албуми во 2018-та на интернет-порталот trecisvijet.com.

FIERCE

Горјан Стојменовски – гитара
Виктор Филиповски – тапани и перкусии
Марко Василевски – контрабас
Борислав Веселинов – алт саксофон
Сенад Усеин – труба

Изразот на Fierce е инспириран од потребата за музички и општествени промени во македонското конзервативно општество. Претставува звук и форма на современ џез, создадени од млада генерација на македонски музичари, со иновативни мелодии, рифови и ритмови. Влезот на забавата е слободен.