Постои ризик од развој на вагинална инфекција поради можна појава на мувла и габи. Имено, памукот е добра основа за нивен развој кога тампонот се чува во влажна и топла средина. Иако на некој начин е логичко тампони да се чуваат во бањата, така што тие се блиску до нас кога треба да се сменат, тоа не е добра идеја, вели д-р. Алиса Двајк од Њујорк.

Таа објаснува дека тампоните во топли и влажни бањи се идеална почва за развој на мувла и бактерии кои можат да предизвикаат вагинална инфекција. Подобра идеја е да се чуваат во гардеробер на ладно и суво место.

– Размислете, памукот е подложен на развој на мувла и затоа е подобро да не се чуваат тампоните во влажна и топла средина – вели д-р. Двајк.

Таа, исто така, го опишала она што се случува кога тампон на кој се појавила мувла и бактерии бил ставен во вагината. Таа вели дека се појавува чешање и зголемен исцедок, бидејќи вагината се обидува да ја одржи својата природна pH вредност. Таа додава дека жените треба да бидат внимателни со носење тампони и на дното од нивните торби. Исто така забележува дека тампоните обично имаат рок на траење од пет години по напуштањето на производствениот објект и лесно може да се случи тоа време да помине, а ние да не сме свесни за тоа.

Исто така, тампоните може да се контаминираат со нечистотија што е честа појава во чантите, откако нивниот заштитен плик ќе се оштети од работите околу нив.