Глобалната мега звезда TYGA ќе настапи како хедлајнер на годинашниот „Фјужн фестивал“ кој ќе се одржи на 22 јуни на стадион АРМ во Скопје, беше соопштено на денешната прес конференција во хотел Парк.

На самата прес конференција беа изнесени сите детали околу и за фестивалот, со посебен акцент дека конечно во Македонија доаѓа актуелна супер звезда од светски ранг и дека со тоа е остварена желбата на десетици илјади фанови од целиот Балкан и пошироко. За потребите на фестивалот обезбедена е најдобрата аудио и видео опрема, поддржана со фантастични сценски ефекти.

Покрај главниот хедлајнер Tyga, на фестивалот ќе настапат и најдобрите македонски претставници на хип-хоп и трап музиката, Irie Scratch, Dj Shorty P и Young Dadi, а фестивалот ќе го затвори со свој диџеј сет одличниот Ampov.

“Огромна е честа и задоволството да се биди на иста сцена со дефинитивно еден од најголемите и најактуелни светски мегазвезди. Од почетокот на мојата кариера песните на Tyga се обавезен дел од мојот сет, како еден од пионерите на современата Hip Hop и Trap музика со безброј хитови и награди…” – вели Irie Scratch.