Бидејќи поголемиот дел од Европа се бори со нова епидемија на коронавирус и стравува од страшна и смртоносна зима, Кина се повеќе и повеќе напредува во спречување на пандемијата на коронавирусот.
Во понеделникот, Кина забележа најбрз економски раст втор квартал по ред и го истакна своето брзо закрепнување од пандемијата, а како што заклучува „Си-Ен-Ен“, тоа се случи заради овозможување на масовните патувања во земјата.
Кина првично пристапи кон пандемијата на многу драконски начин – заклучувајќи го Вухан, градот во кој случаи на коронавирус се појавија за прв пат, додека во другите делови на земјата немаше толку строги ограничувања.
Како што е наведено, кинескиот успех во контролирањето на корона вирусот не е резултат на тие рани мерки за контрола, туку на однесувањето на државата откако на луѓето им беше дозволено повторно да се движат.
„Особено, способноста на Кина да ги следи случаите низ целата земја секогаш кога има сугестија за нов кластер на инфекции, и’ овозможи на владата брзо да реагира и да ја стави под контрола локалната епидемија “, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Ова, се наведува, вклучувало употреба на софистициран систем на здравствени кодови за следење на движењата на луѓето, така што зелениот здравствен картон и QR-кодот биле неопходни за луѓето да влезат во одредени компании, а овие мерки им овозможиле на регионалните влади да заклучат одредени области и да спроведат масовни испитувања.
Ова неодамна беше видено на примерот на градот Чингдао, каде беа тестирани повеќе од 10 милиони луѓе за околу една недела, а потоа беа пријавени 12 локални преноси на вирусот.
Помеѓу провинциите и регионите, границите се надгледуваат повеќе, со што јавниот превоз е ограничен или целосно суспендиран.
Влегувањето во Кина од прекуокеанските земји е исто така строго ограничено, а строгите карантински мерки се во сила по пристигнувањето.
Носењето маски и почитувањето на прописите за јавна хигиена, кои честопати внимателно ги следеа кинеските власти, исто така помогна во спречувањето на пандемијата.
Во Европа и другите западни земји, пред се во САД, носењето маска остана проблематично прашање, дури и неколку месеци откако се покажа дека има ефект.
И додека Кина беше критикувана за првичниот третман на епидемијата во Вухан – цензурирање на вестите и минимизирање на сериозноста на ситуацијата – откако беше препознаена како национална закана, одговорот беше брз и одлучувачки.
Се додава дека Кина, дури и кога се врати во таканаречената нормала, остана будна, со цел брзо да одговори на појавата на нови кластери и да ги следи потенцијално заразените лица.
За споредба, мониторингот во голем дел од Европа останува неуспешен, а можноста за спроведување масовни испитувања недостасува во многу земји, а и таму каде што се спроведува тестирање, корисноста на резултатите честопати се губи бидејќи инфраструктура за следењето и карантинот на регионалните кластери сè уште недостасува.
Исто така, границите на Европа се претежно отворени, а отворањето на границата, особено за време на летниот период, доведе до букнување на вирусот. Иако кинескиот одговор се покажа како ефикасен – како и слични модели во Јужна Кореја, Јапонија, Хонг Конг и други делови на Азија, Европа сè уште заостанува. А.Р.