Во организација на Кино сојузот на Македонија и Народна техника на Македонија, со град Скопје и Кинотека на Република Северна Македонија како домаќини, на 16 декември се одржа официјалната проекција на филмовите и доделување на награди од 49. Државен фестивал на непрофесионален филм „49.ДФНФ-Скопје 2020“. Годинава конкурираа 32 филмови од 24 автори, од кои 12 се самостојни, додека другите наслови доаѓаат од 6 клубови во 4 категории. Во официјална конкуренција беа примени 11 филмови.
Официјалната проекција и доделувањето на наградите и плакетите се одржа во Кинотека на Македонија, почитувајќи ги здравствените мерки и протоколи. На фестивалот имаше гости од повеќе градови на Македонија, а секако беа присутни и авторите на наградените филмови, соопштуваат од Кинотеката.
Стручното жири во состав проф. др Мишо Нетковски – претседател, проф. мр Миле Петковски – член, и филмскиот аматер Петре Чаповски – член, донесе одлука да бидат доделени следните награди:
-Наградите во категоријата анимиран филм не беа доделени.
-Награди за Документарен филм: Бронзена плакета – „Секирџија“ на Љупчо Ристовски; Сребрена плакета – „Петре – Љубов,бол и непребол“ на Сара Стојановска и Филип Илиевски; Златна плакета – „Црвени Стени“ на Петар Ставрев.
-Награди за краток игран филм: Бронзена плакета – „Кутија со музика“ на Ана Андонова; Сребрена плакета – „Пепел“ на Ѓорѓи Лазов; Златна плакета – „Донка“ на Александар Арсовски.
-Grand Prix – „Јас ќе си пеам“ на Глигор Кондовски.
-ЗЛАТНА ПЛАКЕТА ОД UNICA за придонес и подршка во популаризацијата и афирмација на непрофесионалниот филм се доделува на Кинотека на Р.С. Македонија. Доделувајќи ја наградата, претседателот на Кино сојузот на Македонија Саша Дукоски истакнба дека Кинотеката сиве овие изминати години е голем поддржувач на Кино сојузот. Заблагодувајќи се наградата на UNICA, директорот на Кинотеката Владимир Ангелов им ја посвети на сите оние заљубеници во подвижните слики што се „инфицирани“ од филмот.
-Награди за експериментален филм: Златна плакета – „Конекција“ на автор Ана Андонова.
-Награди за авторски остварувања: Златна плакета за монтажа – „Заборавена земја“ на Зоран Пиловски; за Режија – „Јас ќе си пеам“ на Глигор Кондовски; за камера – „Тишина“ на Зоран Пиловски, Роберт Темелкоски и Андреј Златноски; за идејаа – „Првиот македонски аниматор“ на Матеј Костовски; за сценарио – „Петре – љубов, бол и непребол“ на Сара Стојановска и Филип Илиевски; и за актерско остварување – актерката Изабела Јакимова во филмот „Донка“.
Официјалната селекција од 6 филмови што ќе го претставуваа Кино сојузот на фестивалот на „УНИКА“ е составена од „Црвени стени“на Петар Ставрев, „Тишина“ на Зоран Пиловски, „Конекција“ на Ана Андонова, „Секирџија“ на Љупчо Ристевски, „Донка“ на Александар Арсовски и „Јас ќе си пеам“ на Глигор Кондовски. А.Р.