Македонската етно оффест вечер, синоќа, на 7 ноември , со двете екстраординарни вокалистки Добрила и Елена, се покажа како полн погодок. Просто чудесно како може онолку мек глас да има некоја, ко Добрила Грашеска. Те преобратува од див ѕвер во кротко јагне, кога таа пее македонско етно.
“Гребеш под кожа мадам” , и напишаа на фејсбук.
Екстраваганција.
Фенси Елена во многу вкусни “бои” ја зачини својата “Баклава”. Налик на експресивната Грејс Џонс некогаш , беше како влез во некоја пософистицирана димензија од оваа. “Баклава” исцелително волшепство сте, и напиша обожавателка. Концертот целосно може да се погледне на официјалната страница на Оффест.