Се преврте туристички брод близу Аланија, еден загинат

0
204

Брод со туристи се преврте во водите на турскиот дел на Медитеранот, во близина на брегот на Аланија во провинцијата Анталија, а крајбрежната стража е во акција за спасување на бродоломци. Агенцијата „Анадолу“ пренесе дека едно лице загинало.

Агенцијата Анадолу објави дека не се знае точно колку патници имало на бродот, а телевизијата „Хабертурк“ покажала снимка од местото на настанот во близина на карпестиот дел на крајбрежјето и чамци на крајбрежната стража кои превезувале бродоломци.

Според претставникот на Генералниот конзулат на Русија во Анталија, во несреќата загинал руски државјанин.

Според извештаите на медиумите, на бродот имало околу 30 лица. Некои од нив успеале да испливаат до најблискиот остров, кој се наоѓа на 100 метри од местото на несреќата. А.Р.