Постојат се повеќе научни докази за пренесување на Ковид 19 преку воздухот, кога заразните аеросолни капки се разменуваат со дишење заеднички воздух во затворени простории. Иако јавните здравствени установи полека почнуваат да прифаќаат дека болеста се пренесува преку воздух, сè уште нема доволно безбедносни упатства што ги вклучуваат сите релевантни студии.
Сепак, со цел да се ублажи ширењето на Ковид 19, некои препораки се дадени во официјалните упатства на СЗО: колку треба да биде растојанието од личност до личност, колку луѓе можат да бидат во затворени простории по квадратен метар, каква вентилација е пожелна
Сепак, биотехнологот д-р Касим Кан, заедно со неговите колеги, ја развија апликацијата „Упатство за внатрешна безбедност КОВИД-19“, која користи теоретски модел што ја пресметува потенцијалната опасност од пренесување на вирусот во затворени простории. Во апликацијата, можете да прилагодите одредени параметри за да добиете најточен резултат – големината на просторијата, начинот на работа на вентилацијата, колку луѓе во тој простор користат маска за лице, кои се респираторните активности и другите потенцијални фактори на ризик.
Исто така, со помош на апликацијата, можете да проверите како сè може да се ублажи потенцијалното пренесување на вирусот САРС-CoV-2 во затворени простории.
Некои од најчестите прашања на кои одговараат Касим Кан и неговиот тим:
Зошто растојанието од два метра сепак не е доволно?
Растојание од два метра ве штити од големи капки исфрлени од заразено лице при кашлање, како и маска за лице; сепак, растојанието не ве штити од пренесување преку воздух на инфективни аеросоли што се задржуваат во воздухот и кои можат да се мешаат низ просторијата.
Дали постојните упатства важат и за големите објекти?
Во концертни сали, стадиони или други големи, проветрени простори со голем број луѓе, ризикот од пренесување преку воздух е голем и спаѓа во овие упатства. Ако не користите маски, постои дополнителен ризик од пренос од краток опсег.
Зошто маските N95 имаат 99% ефикасност?
N95 маските имаат најмалку 95 проценти ефикасност при големини на честички од 0,3 mm, што е 10 пати помало од честичките на КОВИД19. Со поголеми честички, респираторите N95 стануваат многу поефикасни од 95 проценти, приближувајќи се на ниво близу 100 проценти. А.Н.