домаНасловнаНа аеродромот во Хонг Конг поставена кабина за дезинфекција на патниците

На аеродромот во Хонг Конг поставена кабина за дезинфекција на патниците

Кабина што го убива вирусот корона од кожата и облеката за само 40 секунди има на аеродромот во Хонг Конг. Доволно е патникот само да влезе во оваа кабина.
Оваа нова технологија би можела да стане секојдневен дел од ентериерот на светските аеродроми, бидејќи патничката индустрија бара нешто што би овозможило безбедно патување по пандемијата.

Кабините на CleanTech наречена подлога за дезинфекција на цело тело прво ја мерат температурата на патникот пред да дозволат воопшто да влезе во кабината. Потоа, влегува во кабината, каде целосната дезинфекција на телото трае 40 секунди.
Средството за дезинфекција убива вируси на кожата и облеката. Оваа техника веќе се користи при дезинфекција на маски и опрема.

Иако Хонг Конг има само 1.041 пациенти со коронавирус, аеродромот воведе и други здравствени и безбедносни мерки.

Овие вклучуваат методи за дезинфекција на рацете и роботите за убивање на вирусот во воздухот.               А.Н.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ