На денешната прес конференција техничкиот премиер Оливер Спасовски ја најави првата фаза на олеснување на мерките во однос на вонредните мерки.
Под крајно прецизни услови и мерки ќе започна олеснувањата на мерките и ќе одат во три фази, од кое првата е тековно функционирање на стопанските дејности и ограничено движење на целата територија, втората фаза со целосно започнување на работа и третата е потполно враќање на работниот процес со стриктно почитување на мерките за заштита.
Спасовски најави дека од утре ќе запонат со работа Заводот за рехабилтација на говор и слух, обука на семинари, авто школи, едукативни центри и обуки за возрасни, семинари и конференции, спортски тренинзи за индивидулани спортови, вклучувајќи и тениси, молови без угостителските објекти во нив…
При организирање на семинари или конференции мора да има социјално дистанцирање, односно од 1,5 метар и не смее да траат повеќе од 6 часа и најмногу до 30 лица.
Донесена е одлука за патување на Одбрани и назначени лица и за нив не е предвиден карантин.
Н.Д.

