понеделник, јануари 20, 2025
домаНасловнаВладата во 17 часот ќе одлучува каков викенд ќе имаме

Владата во 17 часот ќе одлучува каков викенд ќе имаме

Одговор на прашањето каков викенд не очекува ќе дознаеме денеска по завршување на Вонредната владина седница. Седницата е закажена за денес во 17 часот и ќе биде  остварена преку видео-конференциска врска.

Како што се дознава по оваа седница ќе се има одговор дали ќе се прифати препораката на Комисијата за заразни болести да има полициски час од сабота од 19 часот до вторник до 5 часот.

Само колку за потсетување ИВЗ најави дека нема да го почитува најавениот полициски час, додека премиерот Оливер Спасовски изјави дека ниеден верски лидер не е над државата. Но, како што изгледаат работите, ќе има полициски час, но не каков што се најавуваше…

Н.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ