понеделник, ноември 18, 2024
домаПремиера на „Оловното војниче“ со оркестарот на Македонска филхармонија

Премиера на „Оловното војниче“ со оркестарот на Македонска филхармонија

Во среда во 12 часот, оркестарот на Македонската филхармонија премиерно ќе го изведе концертот за деца насловен „Оловното војниче“ на музика од македонскиот композитор Филип Иванов. Диригент е Борјан Цанев, а наратор, актерот Мартин Јордановски.

„Еднаш многу одамна, едно малечко дете за роденден добило подарок – кутија со играчки. Внатре во кутијата биле сместени дваесет и пет оловни војничиња, направени од една стара голема оловна лажица. Детето многу се израдувало на подарокот и веднаш ги поставило војничињата на масата каде што имало и многу други играчки. Сите војничиња биле исти. Носеле црвено – сини униформи, а пушките ги држеле високо исправени потпирајќи ги на своите раменици. Биле наместени во строј и спремни за марширање.“
Вака започнува една од најубавите приказни од Ханс Кристијан Андерсен посветена на љубовта помеѓу две играчки.

Премиерната изведба на ова музичко дело од Филип Иванов инспирирано од фантастичниот наратив на Андерсен децата ќе ја проследат преку организирана посета од основните училишта

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ