четврток, декември 26, 2024
домаЗЕМАМ ЗБОР: Сафет Камбер

ЗЕМАМ ЗБОР: Сафет Камбер

Во оваа рубрика, збор даваме на интересни пишувани идеи, визии на автори. Во оваа прилика, споделуваме една песна од Сафет Камбер, на мекедонски и на ромски јазик.

Таму во Андалузиja

Во Андалузија, земјата на гитарите и соништата ,
Онаму каде што огнената страст на Пако де Лусија
се разгорува во ноти блескави,
Нејзиниот танц, се преплетува, во заводливи движења
душата раѓа сензуалност која ме турнува во длабоките мориња,
Вечерва сме сами во ноќта длабока
Играј убавице на оваа прекрасна ноќ,
Нека звездите на небото ти бидат кадифена постела

Со секој ритам на убавите ноти
чекориш и ствараш магија која тешко се лекува,
Ги нишаш колковите и благодет шириш,
заиграј фламенго и удри длабоко во душата,
Нека звукот на кастанетите одекнува и влезе во душата,
Овој ритам повикува на љубов, страст и игра.

Вечер твојот танц ме враќа назад низ годините
твоите смели движења и звуците на гитарата
ми ја раскажуваат приказната за патешествијата на една историја
Жар во душата, песна извадена од грлото, игра разнишана,
приказна која брановите на океаните со векови ја нишаат
мирисот на јасминот го разнишува тивкиот ветер и ја шири
далечната приказна за генерациите што доаѓаат.

Магично е ова небо, во него месечината ја ифрлува ѕвездената светлина
Вечер ти божествена убавице не запирај,играј го фламенгото,
Зошто само твојата игра раѓа емоции и темперамент
и ти ја осветлуваш оваа прекрасна ноќ, убавината твоја
ги повикува звуците на кастанетите да не престануваат ,
Вечерва ѕвездите од небото и се поклонуваат на твојата убавина
Убавице вечерва си мој аманет

Ноември 2023
Сафет Камбер

Odorig ki Andaluzija

Ki Andaluzija,I phuv e sunengiri thaj e gitarengiri,
Odorig kote so o jagalo baro kamjabi taro Pako de Lusija
Thabljovela ko sherlajme o note,
Lakiri khelin,pakjargjovela jakvalibnaskere phageripnaja
I atma bijanela senzibiliteti savo chivela man ko horeder devrijal,
Erat sijam korkore, ani akaja horeder rakj
Khel shuzorije akale rakjakirije,
O cherenja tari badal erat nek oven tiri kadifakiri pashlin.

Sakova ritmi e shuze notengoro
Kereja had,mi saveja ikljovela magija
savi phareste shaj sasjlovela,
Tinankereja tire kukija thaj shukaripe buvljarkereja.
Khel o flamengo thaj khuv horeder ki atma.
Mek o hango e kastanatengoro te shungjovel thaj te khuvel andre ki atma
Akava ritmo akharela ko kamibe,jagalipe ,thaj khelin.
Erat tiro khelibe,iranela man bersha napalal
Tlo zuralo khelibe thaj o hangija e gitarakere
Vakerena mange paramis basho dumutne droma jekhe istorijakere
Jag ani atma,gili ikavdi taro krlo,khelin tinankerdi
paramis ,savi o dalge tero okeanija zamanencar kuninena la
I khan taro jasmin kuninela la I tikni balval thaj buvljarela
I dumutan bisterdi paramis,basho generacije save avena.
Вечерва звездите од небото и се поклонуваат на твојата убавина
Убавице вечерва си мој аманет.

Magija kerdili tari akaja badal, ki late I luna chudela
e chehrenjakiri rosh.
Erat tu devleskiri shuzorije ma achov, khel tiro flamengo,
Soske salde tiro khelibe bijanela emocije thaj temperamenti
Thaj tu roshajkereja akaja but shuzi rakj,tiro shuzipe
Akharela o hangija taro kastanetija ten a chinavgjoven,
Erat o cherenja tari badal perena ko tiro shuzipe
Shuzije erat sijan miro amaneti.

Noemvri 2023
Safet Kamber

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ