вторник, октомври 22, 2024
домаИсчезна 14-годишно девојче во Скопје, мајката апелира за помош

Исчезна 14-годишно девојче во Скопје, мајката апелира за помош

Апел за пронаоѓање на 14-годишната Вања Ѓорчевска упати утрово на социјалната мрежа Фејсбук нејзината мајка Зорица Ѓорчевска, бидејќи на девојчето од 07.20 часот му се губи секаква трага.
Како што објави на социјалната мрежа Фејсбук Ѓорчевска, нејзината ќерка Вања исчезнала одејќи накај училиште. Последен пат била видена во Дебар Маало, на пат кон основното училишта „Песталоци“.
Девојчето било облечено во црни пантолони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели Најк патики со кафеава лента.
Се апелира секој кој има било каква информација да се јави во полиција или пак кај мајката на телефонскиот број 075 400 816.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ