вторник, јули 16, 2024
домаАстерфест во Кинотека

Астерфест во Кинотека

Ревија на 4 наградени странски кратки играни филмови од 18-тиот „Астерфест“ ќе биде прикажана во Кинотеката на
7 Октомври (Сабота) од 20:00 часот.

ИВАЛУ
ИВАЛУ на Андерс Валтер и Пипалук К. Јоргенсен (Данска), краток игран филм, номиниран за Оскар и добитник на „Златна потковица“ (Гран При) на „Астерфест“
(IVALU by Anders Walter & Pipaluk K. Jørgensen, 2023, Denmark, 17’)
Ја нема Ивалу. Нејзината помала сестра очајно ја бара. Нејзиниот татко не презема ништо. Бескрајната гренландска природа крие тајни. Каде е Ивалу?

ЕЖ
ЕЖ на Д. Митри (САД), краток игран филм, добитник на „Сребрена потовица“ на „Астерфест“

(HEDGEHOG by D. Mitry, 2022, USA, 17’)

Кога започнува војната во Украина, шестгодишната Нина е пратена во едно далечно село, кај баба ѝ. Надвор, до куќата, Нина открива тешко ранет руски војник.

ШТИПЕЊЕ
ШТИПЕЊЕ на Еми Патмор и Ана Дворжак (Австралија), краток игран филм, добитник на „Бронзена потковица“ на „Астерфест“

(PINCH by Aimee Patmore & Anna Dvorak, 2023, Australia, 9’)

Ученичка во последна година од средното училиште се бори со тивката болест што ја крие од мајка си, и понатаму несетено совладувана од притисокот на семејството, нејзините врсници и општеството.

ИРСКО ЗБОГУМ
ИРСКО ЗБОГУМ на Том Беркли и Рос Вајт (Велика Британија), краток игран филм, добитник на Оскар и добитник на Специјална награда на „Астерфест“

(AN IRISH GOODBYE by Tom Berkeley & Ross White, 2022, UK, 23’)
На фарма во рурална Северна Ирска, отуѓените браќа Турлог и Лоркан се принудени да се зближат по прераната смрт на нивната мајка. Но кога двајцата ќе го откријат неостварениот список на желби на нивната покојна мајка, нивното болно зближување добива поинаква насока.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ