Австрија ги суспендира летовите од и за Западен Балкан

0
209

Со цел да се изборат со пандемијата на коронарен вирус, Австрија го прошири списокот на земји забранети за слетување на австриските аеродроми кон сите земји од Западен Балкан.

Новиот указ на Министерството за здравство го прошири списокот од осум на 18 земји.

Од четврток авионите од сите земји од Западен Балкан, Бугарија, Романија, Молдавија и Египет веќе нема да можат да слетаат на австриските аеродроми.

Претходно, веќе беше на сила забраната за летови од Белорусија, Кина, Велика Британија, Иран, Португалија, Русија, Шведска и Украина.
До крајот на јули ќе бидат откажани летовите до и од Скопје, Белград, Букурешт, Каиро, Подгорица, Сараево, Сибиу, Софија, Тирана и Варна.

Според декретот, постојат исклучоци, но ова вклучува само „летови во интерес на Австрија“, како и слетување на карго-авиони, авиони што ги пренесуваат болните или ги враќаат австриските граѓани, односно медицински транспортот  и на медицински персонал, како и работници за земјоделска помош.   Н.Д.