недела, септември 8, 2024
домаКујнаБајден фаворит на изборите во САД според светските обложувалници

Бајден фаворит на изборите во САД според светските обложувалници

Речиси и да нема обложувалница во светот што не дала коефициенти на победа на претстојните претседателски избори во САД на 3 ноември. Фаворит за победа е демократскиот кандидат eо Бајден.

Сепак, трендот е таков што, според светските обложувалници, кандидатот на републиканците Доналд Трамп го намали заостанувањето зад демократот Бајден и дека коефициентот за него е 2,60, додека за Бајден е 1,50.

Ова значи дека ако вложите 1.000 денари но Бајден, ќе заработите 500, додека победата на Трамп ќе ви донесе профит од 1.600 денари.

Ситуацијата беше помалку поволна за Трамп, бидејќи коефициентот за негова победа до неодамна беше 3,00, но по минатонеделната дебата со Бајден, коефициентот беше намален, што значи дека републиканскиот кандидат остави подобар впечаток, барем за време на соочувањето со демократот.

Не треба да се заборави дека Хилари Клинтон беше голем фаворит пред четири години, со коефициент 1,22, додека за Трамп беше 4,00, па победи актуелниот претседател на САД.

Теоретски, во игра се и кандидатите Мајк Пенс и Камала Харис, но за нив коефициентот е 150. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ