вторник, ноември 26, 2024
домаЖивотБугарија ги продолжи вонредните мерки до крајот на јуни

Бугарија ги продолжи вонредните мерки до крајот на јуни

Бугарија, денес информира дека ќе ги продолжи епидемиолошките вонредни мерки до крајот на јуни, откако беше забележан пораст на нови случаи. Бугарскиот премиер Бојко Борисов потенцира дека владата засега не планира да воведе нови рестриктивни мерки, но тој апелира до луѓето да го запазуваат физичкото растојание.

Бугарија веќе воведе ублажувања на некои од построгите заштитни мерки, ги отвори градинките, рестораните и трговските центри, што се покажа како грешна мерка, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Досега во Бугарија се регистрирани 2.889 случаи на коронавирус и 167 починати.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ